Македонски компании на првиот состанок на Конфиндустрија Италија

Од:

Македонски компании ќе можат бесплатно да учествуваат на КОНЕКСТ – првиот индустриски состанок на Конфиндустрија Италија која обединува над 160 илјади италијански компании, а ќе се одржи во Милано на 7 и 8 февруари годинава.

Марко Маркони, претседател на Конфииндустрија Македонија на денешната презентација на КОНЕКСТ во Скопје организирана во соработка со Амбасадата на Италија за МИА истакна дека на настанот ќе се овозможи поврзување на компании кои се членки на Конфииндустријата на Италија и на оние кои не се. Ќе има можности за средби во формат Б2Б на компаниите учеснички, кои покрај од Италија доаѓаат и од компании од Источна Европа каде Конфииндустрија има претставништва (Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Белорусија и Украина).

-Многу е важно што за македонските компании учеството на настанот е бесплатно и можат да разменат искуства и да развијат соработка со италијанските компании и со компаниите од Источна Еропа. Настанот е и можност за привлекување италијански инвестиции во земјава оти тоа е голема организација. Покрај со Источна Европа веќе Комфииндустрија Италија се проширува и во Африка, затоа на овој саем ќе бидат присутни и фирми од Мароко, рече Маркони.

Марија Моника Анибалдис на презентацијата истакна дека на КОНЕКСТ во Милано ќе учествуваат околу 2.000 италијански компании од индустријата.

-Целта е да се создадат партнерства помеѓу италиајнските фирми, оние малите да може да растат, како и да се поврзат со меѓународни компании кои имаат иста визија за проширување на бизнисот, бидејќи Конфииндустрија Италија е најголема асоцијација од овој вид во Европа која брои над 160.000 фирми членки. Ова е и можност и самите членки меѓу себе да се запознаат, што работат кои се нивните можности, а потоа и каде сакаме заедно да одиме, вели Анибалдис.

На настанот присуствуваа претставници од Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Македонија и од Комората на Северозападна Македонија како и стопанственици од Македонија и Италија.

Конфиндустрија Италија има силна мрежа на членство од околу 160.000 членови од сите големини. Се смета за најголемо здружение на италијански компании од сите прозводни и услужни сектори, туризам, мода, дизајн, вино. Во Конфииндустрија Македонија членуваат 20 италијански фирми, како и домашни фирми кои работат исклучиво со Италија.

Централното седиште е во Рим, има 241 територијални канцеларии и здруженија, и има цел да обезбеди централна улога на компаниите како двигател на економскиот и социјален развој. Од 1958 година има и постојано седиште во Брисел кое има за цел да ги застапува италијанските компании пред европските институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница