ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плашат од граѓаните и затоа не го прифаќаат предизвикот за предвремени парламентарни избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„СДСМ се плашат од граѓаните кои ги прочитаа и затоа не се одважуваат да го прифатат предизвикот и да излезат на предвремени парламентарни избори. СДСМ знаат дека со техничка влада нема да можат да фалсификуваат и да местат тендери.

СДСМ бега од соочување со граѓаните и сака уште две години власт, злоупотребувајќи го буџетот за богатење на поединци.

Власта не ја почитува волјата на граѓаните и извршува незаконски и неуставни дејствија со објавувањето на законот за двојазичност во Службен весник.

Талат Џафери, директорот на Службен весник и сите останати кои ги прекршија законите ќе одговараат.

Власта ја блокира иднината на Македонија, која со вакви правни преседани, се затрупува во кривични дела секој ден. За да има демократија треба да се почитува правото, затоа што тоа е рамка на успешно функционирање на државата како целина.

Демократијата е единствено остварлива доколку се почитуваат правата на граѓаните, процедурите според кои се носат законите и законското работење на институциите, без тоа СДСМ и Заев можат само да сонуваат дека ќе ја однесат Македонија во ЕУ и НАТО.

Граѓаните не ги заборавија многубројните изјави на Зоран Заев со ветувањата дека на Македонија нема да и се случи двојазичност. Граѓаните на избори ќе знаат да проценат кој навистина ја погазува волјата на мнозинството“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми