Британскиот Парламент ќе гласа за договорот за Брегзит

Од:

Британскиот Парламент денеска треба да се изјасни за Договорот за Брегзит, што премиерката Тереза Меј го постигна со Европската унија.

Меј ги повика пратениците „уште еднаш да го проучат“ Договорот за Брегзит и ги одби повиците да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Им порачувам на пратениците од двете страни на Парламентот, што и да одлучиле, во следните 24 часа да го проучат договорот уште еднаш, рече Меј пред Парламентот.

Таа истакна дека договорот не е совршен и дека е резултат на компромис.

Притоа, ги отфрли барањата на некои пратеници Брегзитот закажан за 29 март, да биде одложен за да има доволно време да се постигне консензус или одржување нов референдум.

– ЕУ ќе ја напуштиме на 29 март. Верувам дека поради нашата демократија е важно да ги спроведеме резултатите од референдумот од 2016 година, рече британската премиерка.

Како што пренесуваат медиумите, се верува дека Меј денеска нема да успее да ја обезбеди потребната поддршка во Парламентот. Во тој случај, можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно