Грчкото до руското МНР: Договорот од Преспа е меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни држави

Од:

Договорот од Преспа уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни, соопштуваат од Министерството за надворешни работи во реакцијата по соопштението на руското МНР во врска со Договорот од Преспа.

-Нашите меѓународни партнери се повикани да го почитуваат духот и содржината на договорот и да го поздрават фактот што политичките раководства на двете земји ја покажаа неопходната политичка храброст за да стигнат до решение за едно особено тешко прашање, во исто време бранејќи ги нивните национални интереси, соопштуваат од грчкото МНР.

Тие изразуваат уверување дека Русија „ќе ја почитува чувствителноста на грчкиот народ во однос на употребата на името Македонија“, и од сега па натаму за земјата ќе го користи „новото уставно име, односно Северна Македонија“.

И што е најважно, ќе се дистанцираат од слични изјави кои што се мешање во внатрешноста на Грција, велат од грчкото МНР и одговараат и на делот од соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија поврзано со внатрешно-политичките случувања во Грција.

-Споменување на политички случувања во внатрешноста на земји пријатели од руското Министерство за надворешни работи не е во согласност со нивото кое ги карактеризира грчко-руските односи и трајните врски на пријателство меѓу нашите народи, велат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека ова создава „разумна загриженост бидејќи го занемарува одреденото со закони и ефективното демократско функционирање на институциите во Грција и на Уставот во кој има јасни одредби“ за справување со секакви можни случаи и „секако не е сфера за коментари од страна трети страни“.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск