Каратистите на Макпетрол ја започнаа сезоната со освоени 6 медали од „ГРАНД ПРИ КРОАЦИЈА“

Од:

Во Самобор, Хрватска се одржа 28-миот по ред карате турнир „ГРАНД ПРИ КРОАЦИЈА“. На овој најмасовен европски турнир учествуваа 1611 каратисти од 24 држави од Европа и Светот, со свои национални репрезентации и 211 клубови.

Каратистите на Скопски Макпетрол постигнаа извонреден успех освојувајќи вкупно 6 медали, од кои 1 златен, 1 сребрен 4 бронзени и еден пласман на петто место.

Медали освоија:

1. Петар Заборски сениорска конкуренција апсолутна категорија бронзен медал

2. Петар Спасеновски златен медал постари јуниори категорија -84 кг

3.Абдурахим Идризи сребрен медал постари јуниори У21 -60 кг

4. Ангела Мојсовска бронзен медал постари јуниори У21 -68 кг

5. Глигор Петков јуниори +76 кг

6.Стефан Стојановиќ кадети + 70 кг

7. Моника Пендаровска висок пласман на петто место

Најдобар впечаток оставија каратистите Петар Заборски и тоа натпреварувајќи се во посебниот дел од овој турнир, каде беше одржан и елитниот натпревар во сениорска конкуренција борби, во апсолутна категорија, и Петар Спасеновски во групата на постари јуниори (У21), освојувајќи го златниот медал.

Македонскиот каратист Петар Заборски во конкуренција на 45 сениори, успеа да влезе во најдобрите четири спортисти на ова престижно натпреварување. Тој до влезот на големото финале, имаше вкупно седум борби од кои 5 (пет), победи и два порази од хрватските репрезентативци Квесиќ Анџело и Иван Квесиќ, што беше доволно за бронзениот медал.

Ако се знае дека Иван Квесиќ е актуелен светски првак во полутешка категорија и неговиот брат е бронзен медалист, исто така од светско сениорско првенство, тогаш може да се претпостави за каква конкуренција стануваше збор.

Во елиминацискиот дел нашиот репрезентативец член на скопски Макпетрол, имаше четири победи и тоа:

1. коло Петар .З – Марко Кардиан, Италија, победа со 3-0

2. коло Петар .З – Маријан Логарушиќ, Хрватска, победа со 3-0

3. коло Петар .З – Стефан Петков, Бугарија, победа со 1-0

4. коло Петар. З – Енес Гарибовиќ, Хрватска, 1-1, победа со прв земен поен

Во вториот дел Петар Заборски имаше дополнително уште три борби и тоа со:

5. коло Петар .З – Анџело Квесич загуби со дисквалификација

6. коло Петар .З – Анес Чонго, Босна и Херцеговина, победи со 4-2

7. коло Петар .З – Иво Квесиќ, борбата заврши нерешено 0-0. На судиско изјаснување судиите дадоа победа на светскиот шампион. За оваа судиска одлука имаше негодување од страна на публиката, но судиската одлука е последна.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје