Романија произвела во минатата година 6.300 тони месо од коњи, магариња и мулиња кои биле доставени со коректни етикети и за извоз во други европски држави. Тоа денеска го објавија претставници на романската Агенција за безбедност на храна.
Романските претставници наведоа дека 97 отсто од месото кое излегува од 35 лиценцирани кланици во државата, било за извоз во Франција, Холандија, Бугарија, Италија, Полска, Германија, Белгија и Грција.
Француските власти тврдат дека романски кланици и холандски и кипарски трговци се дел од мрежа за доставување при што коњско месо било испорачано како говедско.