СДСМ: Македонија сврте нова страница кон сигурна иднината во НАТО и ЕУ

Од:

„Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани.

Децениските стратешки приоритети и интереси на државата, членството во НАТО и Европската унија се во финална фаза на исполнување.

Македонија оди напред, сврте нова страница кон сигурна и стабилна иднина. Македонскиот идентитет е загарантиран и обезбеден.

Од изолирана, поделена и заробена држава, денес Македонија се развива како модерна, европска држава на еднакви граѓани, земја пријател на регионот и демократскиот свет.

НАТО и ЕУ не се само голема, историска можност за напредок, безбедност и стабилност, членството значи и нови инвестиции, нови и добро платени работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Интеграциски процес кој засилено се движи напред го интензивира економскиот раст, ја прави државата поатрактивна за сериозни странски инвестиции и позитивно влијае врз конкурентноста на домашните компании.

2019 година ќе биде година на економија и развој.

Платите растат во сите сектори, се зголеми финансиската поддршка за претпријатијата, навремени и зголемени субвенции за земјоделците, повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Повратот на Данок на додадена вредност од 15 отсто за граѓаните кој треба да се реализира оваа година, ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат напредок во евроинтеграциите, економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он