Двократниот олимписки шампион Марсел Хиршер беше најбрз на денешниот велеслалом во швајцарски Аделбоден.
Австриецот двете трки ги заврши со вкупно време 2.26.54 минути (1.12.51 + 1.14.03). За Хиршер ова беше 66.победа во Светскиот куп и 32-ра во велеслалом.
Второто место му припадна на норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен со време 2.27.25 минути (1.12.39 + 1.14.86), а трет беше Тома Фанара од Франција со 2.27.58 минути (1.12.83 + 1.14.75).
Во поредокот во велеслалом Води Хиршер со 540 бода, пред Кристоферсон со 302 и Пинторо со 276.
На табелата во Генералниот пласман во Светскиот куп лидер е Хиршер со 876 бода, пред Кристоферсон со 511 и Пинторо со 444.