На египетската актерка Раниа Јусеф ѝ се заканува затворска казна поради фустан кој го носела на затворањето на филмскиот фестивал во Каиро.
Таа е обвинета дека фустанот кој го носела премногу покажувал.
Неколку адвокати се пожалиле дека Јусеф непристојно се однесувала во јавност и дека не се придржувала до социјалните норми и вредности, па поради тоа го нарушила угледот на Египет.
Еден од адвокатите кои ја тужи Јусеф е Самир Сабри, кој и претходно има тужено познати личности поради истата причина.
– Слободата на изразување има граници. Креативноста исто така има граници. Постои огромна разлика помеѓу слобода на изразување и неморал. Не може се да се смета за креативно, уметничко дело. Па сите критики или тужби против тоа не треба да се сметаат за нарушување на слободата на изразување, смета Сабри.
Во 2017 година, пејачката Шима беше осудена на две години затворска казна поради видео спот на кој што таа заводливо јаде банана.
– Секој е слободен да прави што сака, но мора да внимава на социјалните, етичките и религиозните вредности. Треба да мислат за деструктивната порака или поточно за микробите, кои ги испраќаат кон публиката преку ТВ преку тоа што го прават или носат, додава Сабри.
Сепак Сабри ја повлече неговата жалба против Раниа Јусеф откако таа јавно се извини, но сепак египетското обвинителство не ја прекина истрагата и случајот е се уште отворен.
Во нејзиното јавно обраќање, Јусеф истакна дека немала намера да ја испровоцира јавноста.
Facing prison term over a dress
Egyptian actress Rania Youssef is facing jail, accused of "inciting debauchery" over a revealing dress.https://bbc.in/2D2JY32
Posted by BBC News on Сабота, 12 јануари 2019
– Ако направив грешка, ве молам простете ми. Јас сум човек, сите сме. Жал ми е, ве сакам, рече таа.
Ова прашање ја подели и јавноста во Египет. Дел од граѓаните ја осудија Јусеф поради прекршување на моралните вредности и нарушување на угледот на Егиепт, додека други сметаат дека државата има далеку поважни работи со кои што треба да се занимава.
– Нема такво нешто како лична слобода, особено не во Египет или другите арапски земји. Тука имаме традиција. Господ побарал жените да ги покријат своите глави, тоа е основната форма на пристојност, вели еден од критичарите на Јусеф.
– Доколку погледнеме низ историјата, ќе видиме дека во египетските филмови во 60тите жените носеле мини сукни и никој тогаш не се бунел, вели една девојка која што смета дека обвинувањата против Јусеф се неосновани.