Француските власти соопштија дека според последниот биланс од експлозијата што се случи изутринава во 9. париски арндисман животот го загубиле четири лица.
Меѓу четворицата загинати има два пожарникари кои биле во интервенција по пријавата за неисправна инсталација со природен гас.
Во претходниот биланс беше објавено за триесетина повредени лица од кои петнаесетина се со тешки повреди.
Јавниот обвинител на Париз отвори истрага за причините за експлозијата.