СДСМ: Се отвори перспектива за сигурна иднина за државата и граѓаните, членството во ЕУ и НАТО станува реално и извесно

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани, со денешното усвојување на уставните измени, се испиша ново, историско поглавје, се заврте нова, светла страница на историјата на нашата татковина.

Се отвори перспектива за сигурна иднина за државата и граѓаните, за остварувањето на врвните стратешки приоритети – членството во ЕУ и НАТО станува реално и извесно.

Упатуваме честитки и до сите пратеници кои ја презедоа одговорноста за иднината и водејќи се од интересот на сите граѓани го поддржаа процесот на имплементација на Договорот од Преспа во Собранието, кој финишираше со уставните измени.

Македонското општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.

СДСМ е благодарна за поддршката од граѓаните, невладините организации, меѓународните пријатели и сите поддржувачи на интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат