СДСМ: Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја!

Победи сигурната иднина наспроти темното минато.

Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите.

Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси.

Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.

Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.

А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори.

Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат