САД во текот на следниот месец ќе организираат глобален самит фокусиран на Блискиот Исток. изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за телевизијата Фокс Њуз.
Според Помпео, овој меѓународен собир би требало да се одржи на 13 и 14 февруари во Полска.
Помпео нагласи дека фокус на форумот ќе бидат стабилноста, мирот и безбедноста во регионот на Блискиот Исток.
Обезбедувањето на сето тоа подразбира спречување на дестабилизирачкото влијание на Иран во регионот, потенцира Помпео, кој неделава престојува на турнеја низ земјите сојузнички на САД на Блискиот Исток.