„Супер Скопје“ денеска и утре во Старата скопска чаршија

Од:

Со настапот на Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ во вечер на плоштадот „Скендер бег“ во Старата скопска чаршија продолжува манифестацијата „Супер Скопје“ што почна минатата недела на Кеј „13 Ноември“.

Освен на плоштадот „Скендербег“ претстојниот викенд музички ѕвезди ќе настапат и на просторот пред црквата „Свети Спас“ каде во сабота забавата ќе почне од 21 часот, а ќе настапат Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).

Проектот „Супер Скопје“ се реализира по иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Главен организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, деновите кога се одржува „Супер Скопје“, работното време на угостителските објекти е продолжен за еден час

Би можело да ве интересира

Заврши летната забава „Супер Скопје“

Наум Локоски

Заврши „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ викендот продолжува во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

Почнува првиот фестивал „Супер Скопје“

Наум Локоски

Многу музика и забава со „Супер Скопје“

Наум Локоски