Многу музика и забава со „Супер Скопје“

Од:

Одлична музика и многу забава наредните четири викенди на поголем број на локации во рамки на големиот настан СУПЕР СКОПЈЕ. Секој петок и сабота, на различна локација, скопјени и посетителите на Скопје ќе имаат можност да ги проследат настапите на голем број на музички ѕвезди од домашната и регионалната музичка сцена.

Целосната програма за „Супер Скопје“ ја претставија на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорката на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, како и дел од изведувачите кои ќе настапат во рамките на манифестацијата.

– „Супер Скопје“ и официјално започна со одржувањето на 10-то по ред издание на „Пиволенд“ и настапите на белградскиот состав САРС и легендарниот македонски хип-хоп состав САФ. Во наредните 4 викенди на различни локации, и тоа на Кејот 13 Ноевмри, Старата скопска чаршија, улицата Македонија и Боемската улица во Дебар Маало, на скопјани и посетителите на Скопје ќе им понудиме богата програма со голем број на изведувачи, многу музика и одлична забава. Иницијативата за „Супер Скопје“ произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а истата е во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје. Ги повикувам скопјани и посетителите на Скопје да присуствуваат на концертите и одличната забава која ќе им ја понудиме – кажа градоначалникот Трајановски.

Целосната програма за „Скпер Скопје“ ја претстави директорката на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, каде сите забави ќе бидат со почеток во 21 часот.

– На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, каде:

На 18 август (петок) ќе настапи Сергеј Четковиќ,

На 19 август (сабота) ќе настапат Бајага и Инструктори.

– Супер Скопје на 25 и на 26 август ќе се префрли во Старата Скопска Чаршија, каде:

На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ

На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Офкестра (Offchestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

– На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде:

На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева

На 2 септември (сабота) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе

– На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде:

На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин

На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар

Скопјани ги поздравија и ги поканија за одлична забава и Верче Милошевска од „Љубојна“, Бојан Трајковски од „АЈ Кју“, Влатко Илиевски, како и Сезгин Кури од косовскиот бенд „Офкестра“.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

Би можело да ве интересира

Заврши летната забава „Супер Скопје“

Наум Локоски

Заврши „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ денеска и утре во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ викендот продолжува во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

Почнува првиот фестивал „Супер Скопје“

Наум Локоски