Почнува првиот фестивал „Супер Скопје“

Од:

Нова музичка манифестација „Супер Скопје“ почнува вечер на Кејот „13 Ноември“ во главниот град.

Во наредните петоци и саботи манифестацијата ќе се одржува на различни локации и тоа во Старата скопска чаршија, улицата „Македонија“ и Боемската улица во Дебар Маало.

На Кејот „13 Ноември“ вечер во 21 часот ќе настапи Сергеј Четковиќ, а утре „Бајага и инструктори“.

Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц – Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“).

На 1-ви и 2 септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Дела од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе (2 септември).

Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).

Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени од „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Би можело да ве интересира

Заврши летната забава „Супер Скопје“

Наум Локоски

Заврши „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ денеска и утре во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

„Супер Скопје“ викендот продолжува во Старата скопска чаршија

Наум Локоски

Многу музика и забава со „Супер Скопје“

Наум Локоски