ФСП: Ако се сечени и лепени снимките, зошто ВМРО-ДПМНЕ сака затворени седници?

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ да прекине да се крие позади тајните сведочења и во интерес на вистината и партијата се што имате да и соопштите на Анкетната комисија при Собраните на Република Македонија да го направите јавно и транспарентно.

Со  месеци не  убедувавте дека снимките се сечени,  лепени, монтирани и креирани и оној момент кога требаше и со дела да го покажете тоа вие се криете и со тоа внесувате дополнителен сомнеж како во самите вас, така и во работењето на партијата. Ако навистина сте невини Ве повикуваме да почнете да се однесувате одговорно и да сведочите јавно со што би ја тргнале анатемата која е надвисната над партијата!

Притоа, ваквото ваше однесување дополнително не вознемирува бидејќи непосредно пред предвремените парламентарни избори и нанесувате непоправлива штета на ВМРО ДПМНЕ и на нејзините членови!

Исто такa, Форумот на слободоумни патриоти ги потсетува членовите на Анкетната комисија дека истата е формирана за да се дознае вистината, која треба да и биде соопштена на јавноста. Оттука ние сметаме дека нецелисходно е времето кое го трошите на затворени седници и Ве повикуваме сите материјали и сведочења јавно да ги објавите, граѓаните на Република Македонија имаат право да ја дознаат вистината“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот