Зошто Ормутскиот теснец е толку важен

Од:

Податоците за следење бродови покажаа дека три танкери за нафта и хемиски производи го сменија курсот и се пренасочија од Ормутскиот Теснец, бидејќи тензиите се зголемуваат по американските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки и стравувањата од можна иранска одмазда на стратешкиот воден пат.

Иран интернешнл објави дека податоците од веб-страницата MarineTraffic покажале дека бродовите „Marie C“ и „Red Ruby“, и во баласт и претходно на пат кон теснецот, се закотвиле во близина на Фуџаира, во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод „Кохзан Мару“ плови во Оманскиот залив, блиску до водите на Оман.

Јапонските компании Нипон Јусен и Мицуи О.С.К. „Лајнс“ денеска соопштија дека им наредиле на своите бродови да го минимизираат времето поминато во Персискиот Залив, но да продолжат со операциите низ теснецот, додаде „Иран интернешнал“.

Ормускиот теснец е еден од најважните светски нафтени коридори и е од огромно геостратешко значење. Светската економија во голема мера зависи од протокот на нафта низ оваа рута.

Теснецот се наоѓа помеѓу Оман и Иран, поврзувајќи го Персискиот Залив на север со Оманскиот Залив на југ и Арапското Море. Во својата најтесна точка, широк е само 33 километри, а самата бродска лента е долга само 3 километри.

Околу 20% од вкупната потрошувачка на нафта во светот минува низ Ормутскиот Теснец. Според податоците на аналитичката компанија Вортекс, од почетокот на 2022 година до минатиот месец низ теснецот дневно течеле меѓу 17,8 и 20,8 милиони барели сурова нафта, кондензат и гориво.

Членките на ОПЕК (Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак) извезуваат најголем дел од својата сурова нафта преку оваа рута, главно на азиските пазари.

Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин, е одговорна за безбедноста на поморската трговија во областа.

Би можело да ве интересира

Трамп итно му се јавил на Путин

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција