Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“

Од:

Иранските вооружени сили уништија уште еден американски транспортен авион C-130 Hercules, кој учествуваше во потрагата по пилотот на претходно соборениот борбен авион F-15E, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на иранскиот воен штаб „Хатам ал-Анбија“, според медиумите во таа земја.

Золфагари изјави дека по дополнителна истрага на местото на настанот, е утврдено дека вкупно два американски транспортни авиони биле соборени за време на операцијата.

„Како резултат на жестокиот оган на исламските борци на моќните вооружени сили, два воени транспортни авиони C-130 и два хеликоптери Black Hawk на американската армија беа соборени“, рече Золфагари.

Од друга страна, американската страна претходно објави дека копилотот на соборениот авион F-15E бил успешно спасен и се наоѓа на безбедно место. Според овие наводи, десетици авиони учествувале во операцијата за спасување, а самите Американци уништиле два транспортни авиони за да спречат да паднат во рацете на иранските сили.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Иран на улитматумот на Трамп во 10 точки

ВИДЕО: Иран нападна клучни објекти во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Светот се соочува со недостиг на нафта поради војната во Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Израелска армија: Го убивме командантот на Револуционерната гарда

А1он

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски