Знамето на ОН подигнато на преминот Рафа за да се спречат израелските воздушни напади

Од:

Знамето на ОН е подигнато на преминот Рафа, меѓу Египет и Газа, за да нема на таа локација воздушни напади на израелската армија, а во согласност со договорот меѓу Израел и Египет да се дозволи хуманитарна помош да стигне до Газа. Како што објави Times of Israel, набљудувачите на ОН ќе ги прегледаат камионите со помош пред да пристигнат во Газа.

Претходно денеска, Израел, САД и Египет формираа трилатерален комитет за надгледување на влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа.

20 камиони утре од Египет треба да влезат во Газа, првпат од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Кабинетот на израелскиот премиер во средата објави дека Израел нема да ја спречи испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа од Египет, се додека тоа е само храна, вода и лекови за цивилното население.

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот