Зимска бура донесе многу снег во Јапонија

Од:

Зимската бура, која денеска погоди огромните области во Јапонија, донесе 75 сантиметри снег на некои места, соопшти јапонската метеоролошката служба.

На северниот остров Хокаидо поради бурата патувањата ги откажаа 149 возови и осум бродови. Во градот Масике бурата беше придружена со ветрови со брзина до 124 километри на час, а на некои делови од островот паднаа 35 сантиметри снег.

Јапонската метеоролошка служба предвидува уште снег до 60 сантиметри на Хокаидо, во североисточните делови и областа Хокурику.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови