Зимата во Велика Британија ќе продолжи до почетокот на мај

Од:

Зимата,проследена со ниски температури,снег и мраз ке продолжи во Велика Британија се до пред почетокот на мај,соопшти денеска британската метеоролошка служба.

Според метеоролозите,нормализирање на времето за ова време од годината и раст на температурите се очекува во втората половина од идниот месец и непосредно пред 1 мај,но затоа годинешниов Великден,во претстојниот викенд, ке биде во вистинска зимска атмосфера.

Студеното време и ниските температури се предвидуваат за великденските парзници насекаде низ Велика Британија,додека во некои нејзини делови,посебно на северот,метеоролоите очекуваат и нови врнежи од снег.Поголемиот дел од патиштата се тешки за возење,а еден добар дел од нив,посебно на северот од земјата остануваат и понатаму затворени за сообракај.

Полицијата ги предупедува возачите кои ке се одлучат за великденските празници да патуваат со автомобил,да бидат претпазливи,поради ризикот од мразеви и замрзнати коловози.

Илјадници домови и луге веке шести ден се без струја во делови од Шкотска,а поради непроодните патишта лугето и добитокот се загрозени,затоа што до нив со денови не може да се дотури храна.

Спасувачките екипи на помош повикаа хеликоптери на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) кои префрлаа храна за лугето, но и за добитокот кому му се закануваше угинување. Во втортата половина од април се очекува раст на температурите,кои пред крајот на идниот месец се очекува да се искачат до 13-14 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот