Журављев: Американското оружје убива турски војници и цивили во Сирија

Од:

Американската армија испраќа големо количество од Ирак во Сирија, што се користи против турските сили и цивили, изјави шефот на Рускиот центар за помирување во Сирија, Олег Журављев.

Тој тврди дека од почетокот на годината САД од Ирак во Сирија испратиле 13 конвои со повеќе од 80 оклопни возила и над 300 камиони со различни видови на оружје, муниција и други материјали.

– Американското оружје се користи во борбите против големиот број милитантни групи северно од Еуфрат, но и против турските сили и цивилите во северниот дел на Сирија, посочи Журављев.

Тој укажа на влошената хуманитарна ситуација во тој регион и на зачестените напади на милитантите поради кои цивилите се принудени да ги напуштат своите домови кои се на територија под контрола на силите на сириската Влада.

– Околу 23.000 Сиријци, првенствено семејства со деца побегнаа од своите домови од почетокот на годината, истакна Журављев.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија