Таткото и синот кои што беа жртви на физички напад од страна на унгарската камерманка Петра Ласло од Сирија преку Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија, Австрија и Чешка стигна на крајната дестринација Германија.
Сириецот Осама ел Абд ел Мохсех заедно со својот седумгодишен син беа дел од жртвите на омразената телевизиска снимателка која што на влезот во Унгарија сопнуваше и туркаше бегалци додека тие се обидуваа да ја минат границата.
Абд Ел Мохсех кој е познат фудбалски тренер во Сирија вчера вечер заедно со неговиот син бил примен во центар за бегалци во Минхен и му била прижена соодветна помош, пренесуваат сириски активисти на социјалните мрежи.
И покрај тоа што меѓународни организации за човекови права на Мохсех му понудиле правна помош за тужба против унгарската тв снимателка неговото семејство нема намера да покренува судски процес.
Снимателката Ласло по инцидентот беше суспендирана од работа, а унгарските власти се уште вршат истрага по која Ласло би можела да се соочи со затворска казна за напад на бегалец.