Адвокатите на жртвите од колера на Хаити денеска поднесоа тужба против Обединетите нации поради одговорност за избивање епидемија, од која починаа повеќе од 8.300 луѓе.
Институтот за правда и демократија со седиште во САД соопшти дека ги застапува 8.000 жртви и семејствата на починатите во епидемијата на колера која изби во октомври 2010 година.
ОН кои одбија вонсудско порамнување и отштета, во февруари соопштија дека се легално заштитени од каква било правна акција поврзана со епидемијата при што заболеа повеќе од 650.000 лица.
Адвокатот Ира Курзбан изјави дека „ова е единствен случај поради кои ОН не можат да се кријат зад штитот на имунитетот“.
– На Хаити немало колера во последните 150 години, се додека припадниците на мировните сили на ОН не ја донесоа од Непал – истакна Курзбан.
Утврдено е дека извор на епидемијата била реката во близина на кампот на мировниците на ОН во градот Миребалаис во Непал. Видот на колера на Хаити е ист како и таа во Непал.
Според податоци на Институтот, епидемијата на колера и понатаму усмртува илјада жители на Хаити годишно.