Жозе Сократиш ќе остане во затвор под сомнение за корупција

Од:

Поранешниот премиер на Португалија Жозе Сократиш ќе остане во притвор под сомнение за корупција и даночни измами.

По сослушувањето португалскиот суд одлучи дека полицијата доставила доволно докази, за Сократиш да биде задржан под обвинение за злоупотреби.

Според законот на земјата обвинителството сега треба да изврши дополнителна истрага, пред да бидат покренато официјално обвинение против поранешниот премиер. Тој процес може да трае до шест месеци, по што судот треба да одлучи дали Сократиш ќе биде суден.

Жозе Сократиш, кој беше премиер на Португалија од 2005 до 2011 година, е уапсен од полицијата доцна во петокот и оттогаш е во затвор.

Адвокатот на поранешниот премиер изјави дека неговиот клиент одлуката на судот ја смета за неправедна и неоправдана, како и дека ќе поднесе жалба.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија