Жорди Мир, кој ја сними смртта на полицаецот Ахмед Мербет пред влезот на Шарли Ебдо, жали поради нејзиното објавување на Интернет, јавува дописникот на МИА од Париз.
На снимката која го сврти светот и од која беа извлечени фотографии на насловните странции на многу дневни и неделни весници во светот, се гледа како еден од терористите кои го извршија масакрот во неделникот, ладнокрвно го убива ранетиот полицаец, предизвикаа полемика во Франција. Тие шокираа многумина и пред се неговото семејство, властите и неговите колеги.
Во интервју за агенцијата АП, Жорди Мир вели дека има „глупав рефлекс“ кој го наведе да го објави видеото на Фејсбук се до фамозната егзекуција.
– Јас бев во паника… Имав потреба да зборувам со некого, бев самиот кај мене. Го ставив видеот на Фејсбук. Тоа е моја грешка, изјавува овај педесетгодишен инженер.