Животот на Трамп е во опасност поради неговата дебелина и возраст, смета австралиски лекар

Од:

Австралискиот експерт за Ковид-19 Норман Свон објави свои здравствени проценки за американскиот претседател откако тој се зарази со коронавирус.

Како што вели тој, животот на Трамп е во опасност имајќи ја предвид возраста и здравствената слика на американскиот претседател.

Познатиот лекар, кој јавноста го знае како „австалискиот лекар Фаучи“ изјави дека на 74-годишна возраст, стапката на смртност од коронавирус е помеѓу пет и 15 отсто.

Тој додава дека дебелината на Трамп била над дозволената граница во однос на последниот лекарски преглед и тоа го зголемува ризикот на смртност помеѓу седум и 18 отсто, пренесе Гардијан.

Лекарот на американскиот претседател во Белата куќа, Шон Конли изјави денеска дека Трамп ќе продолжи да ги извршува своите должности без никакви пречки и дека тој и првата дама Меланија Трамп се чувствуваат добро.

Претходно, Трамп објави дека тој и неговата сопруга се во карантин, откако беше утврдено дека една од неговите најблиски соработници, 31-годишната Хоуп Хикс, е позитивна на вирусот.

Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на вирусот, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“