Милиони луѓе излегоа на улиците ширум светот за да се приклучат на “сестринските маршови“ против новиот американски претседател Доналд Трамп.
Главниот протест почна во Вашингтон, каде се очекуваа 200.000 луѓе, меѓутоа бројката достигна над 500.000 луѓе.
Градската власт соопшти дека очекува да се соберат над половина милион жени, двојно повеќе од првичните претпоставки.
Во Вашингтон е насекаде голема гужва, жените се незадоволни од ставовите на Трамп за здравството, абортусот, културните различности и климатските промени.
-Околу 500.000 се собрани во Вашингтон за да учествуваат на протестниот марш против Доналд Трамп, напиша заменик градоначалникот на вашингтон, задолжен за безбедноста, Кевин Донахју.
Актерката Америка Ферера на насобраните во Вашингтон им кажа дека Трамп не е Америка, туку тоа се тие штопротестираат и кои никаде нема да oдат.
-Денеска маршираме за морачната срж на оваа нација, против која овој нов претседател почна војна. Нашето достоинство, нашиот карактр, нашите права се загрозени и платформата на омраза и делби вчера ја презеде власта, рече Ферера.
Екс кандидатката за претседател, Хилари Клинтон им се заблагодари на Твитер на сите кои се борат и маршираат за сите вредности.
-Навистина верувам дека сме секогаш појаки ако сме заедно, напиша таа.
Се маршира ширум светот, односно во уште 600 градови.
Во Европа, протестни собири се одржуваат во Берлин, Рим, Виена, Женева и Амстердам.