Осомничените за терористичкиот напад во редакцијата на Шарли Ебдо во Париз, браќата Куаши, опколени се од илјадници полицајци на периферијата на главниот град на Франција.
Според информациите, тие држат заложници, но не е познато дали во објектот на една печатница, каде тие се забарикадирани, има и други луѓе. Француските елитни сили се вклучени во апсењето на браќата.
Саид и Шериф во близина на аеродромот Шарл де Гол украле автомобил, а потоа зеле и неколку заложници. Пукотници одекнуваат низ целата област, која се наоѓа на дваесет минути од шумскиот предел во руралната област Ен.
Телевизијата „Скај њуз“ акцијата ја пренесува во живо.