Нов закон во Јужна Кореја: Жителите наскоро ќе станат една или две години помлади

Од:

Жителите на Јужна Кореја наскоро ќе станат една или две помлади, откако нивниот Парламент усвои закон со кој се менува начинот на одредување на возраста.

Со ова Јужна Кореја го воведува меѓународниот начин на одредување години.

– Со усвоениот закон сите граѓани на нашата земја во јуни ќе бидат една до две години помлади, изјави јужнокорејскиот претседател Јон Сук-јеол. За време на предизборната кампања тој вети дека ќе го промени законот.

Имено, во Северна и Јужна Кореја до сега, според традиционалното определување на возраста, од денот на раѓање се смета дека бебињата имаат една година. Според овој метод, следната година од животот не се брои од роденденот, туку од новата година. Тоа значи дека новородените бебиња можат да имаат две години во рок од два дена, доколку се родени на 31 декември.

Во Јужна Кореја често има забуна околу возраста, бидејќи земјата досега применуваше два системи, откако во 1980 година комунистичката влада го воведе меѓународниот систем, а некои закони се применуваа според традиционалниот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски