Жители на Мосул ги отфрлаат резултатите од истрагата на американскиот воздушен напад

Од:

Неколку жители на кварт во ирачкиот град Мосул, кој беше мета на американски воздушен напад во март, ги отфрлија заклучоците од извршената истрага за нападот.

Според нив, во погодената зграда од американска бомба не се наоѓале борци на Исламска држава и џихадистичката група не ја минирала зградата, како што се наведува во објавените резултати.

Пентагон ги објави заклучоците од истрагата за извршениот напад на 17 март, според која, тој бил насочен кон двајца снајперисти на ИД, кои се наоѓале во уништената зграда. Со нападот биле предизвикани серија експлозии, при што загинале 105 цивили.

Локалните жители изјавија дека во моментот на нападот во зградата се наоѓале само цивили.

Откако беа обкавени заклучоците од истрагата, ирачките власти побараа отштета од меѓународната коалиција, предводена од САД.

– Бараме од меѓународната заедница и делумно од САД да ги обештетат жртвите, истакна Нурадин Каблан, потпретседател на провинцискиот совет на ирачката провинција Ниневија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија