Силната зимска бура придружена со обилни снежни врнежи донесе екстремни временски услови низ САД и делови од Канада.
Невремето донесе моќни торнада на југот на САД, а меѓу најпогодените се сојузните држави Мисисипи и Тексас.
Неколку лица се повредени, а оштетени се згради во Тексас.
Во понеделник и вторник беа одложени околу 9.000 летови, а лоши временски услови се очекуваат во поголемиот дел од оваа недела.
Поради временските услови, патиштата се затворени во некои западни американски сојузни држави каде се очекуваат и до 60 сантиметри снег.
Невремето се прошири и во Канада, а во вторник и денес обилен снег и силни ветрови го погодија јужниот регион Прери, вклучувајќи ги провинциите Саскачеван и Манитоба.