Жените почесто пријавуваат несакани ефекти од вакцините, а производителите не ги земаат предвид родовите разлики, велат белгиски новинари

Од:

Според белгиската платформа за истражувачко новинарство, Инвестико, петте најголеми фармацевтски компании кои произведуваат вакцини не ги земаат предвид разликите помеѓу мажите и жените во нивните студии за нус појавите по вакцинирањето.

Според белгиските новинари, секаде во светот жените пријавуваат почесто и повеќе несакани ефекти од вакцините отколку мажите. Од 156 илјади пријавени нуспојави во центарот Лареб во Холандија, 86,6 отсто им се случиле на жени. Едно од објаснувањата е дека жените се позастапени меѓу здравствените работници, а тие се во приоритетните групи за вакцинација. Анализирани се вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Спутник V“ и Јансен и сите објавени научни трудови за нив. Новинарите пишуваат дека ниедна од овие студии не го зема родот в предвид.

Според Инвестико, на почетокот на дваесеттиот век жените добивале многу посилна доза од вакцината против грип одошто им е потребна, што предизвикувало почести несакани ефекти.

Мрежата потсетува дека самата Светска здравствена организација препорачала да се земаат родовите физиолошки разлики в предвид во идните истражувања.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он