Жени ги преземаат мексиканските наркокартели

Од:

Се повеќе жени стигнуваат до власт во мексиканските наркокартели, објави Фајненшал тајмс Дојчланд.

Пример за таа тенденција е „Црвената командантка“, Ирма Рамос Еспиноса, на чија совест се десетина убиства, 16 киднапирања, изнуди и трговија со дрога. Таа е трет шеф во бруталниот картел Сетас, која беше уапсена во изминатите месеци, објави медиумот.

Во други картели, еманципацијата е понапредната.

Во изминатите шест години, мексиканската полиција уапсила 46 „наркобаронеси“ како и жени-платени убијци, а се трага по уште 14 жени.

– Влезот на жените во активните структури на наркокартелите е поврзан со фактот дека многу мажи загинаа во нарко-војната на претседателот Калдерон. Сега ослободени позиции заземаат жени кои доаѓаат од истите семејства – ќерки, сестри, сопруги и љубовници, вели Ингрид Шпилер експерт за Јужна Америка во фондацијата Беол.

Во 2008 година Енедина Арејано Феликс беше првата жена шеф на картел по апсењето на нејзиниот брат, поранешен шеф на картелот Тихуана. Според податоци на Националниот институт за жени, бројот на затворенички осудени за дрога, меѓу 2007 и 2010 година е зголемен за 400 отсто. Во упад во камп за обука на Сетас, минатата година властите установија дека половината од оние кои се обучувале биле жени.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба