Една 20-годишна жена е жива запалена во Папуа Нова Гвинеја, откако била обвинета за смртта на едно дете, пишуваат лондонските медиуми повикивајќи се локалниот печат во оваа пацифичка држава.
Жената за која се вели дека и самата била мајка, била изложена на мачење и тортура, а потоа соблечена гола била врзана и попрскана со бензин. Запалена таа била фрлена во веќе распален оган. Ова брутално убиство во стилот на средновековието, го извршиле роднините на умреното дете кој ја обвинувале жената дека е одговорна за неговата смрт, затоа што е „вештерка“.
Измачувањето и палењето на несреќната жена било извршено во присуство на неколку стотина луѓе кои ја следела егзекуцијата. Полицијата и локалните пожарникари се обидела да интервенираат и да ја спасат жената, но не успеале во тоа, па таа умрела во страшни маки.
Во некои земји од пацифичкиот регион, се уште смртта и посебно мистериозните болести се припишуваат на „вештерството и на магиите“, па вакви ритуални убиства не се ретка појава. Во изминатите неколку години десетина жени се убиени, како казна за нивното „вештерство“. Локаните полиции сите вакви случаи ги третираат како убиства, но тоа засега малку помага да се спречат палењата на „вештерките“.