Жена загина при напад врз ирачкиот Конзулат во Дамаск

Од:

Ирачанка загина при експлозија на граната, која паднала во ирачкиот Конзулат во Дамаск, соопшти дипломатски извор, додавајќи дека во инцидентот се ранети уште три лица.

Гранатата паднала во чекалната на Конзулатот. Ниту една од жртвите не работи во дипломатското претставништво, туку станува збор за лица, кои биле присутни во објектот поради административни работи, соопшти изворот.

Конзулатот на Ирак се наоѓа на 100 метри од ирачката Амбасада во Сирија. На истата улица во луксузниот кварт Малки се наоѓа и кинеската Амбасада. Ирак, како и Кина, се противи на секаква странска интервенција во Сирија.

Во неделата граната ја погоди и руската Амбасада во Дамаск, додека Москва го обвинуваше Вашингтон за уцена за да добие одобрение за резолуција на ОН, која би предвидувала казни за нејзиниот сојузник Сирија.

Би можело да ве интересира

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати