Жан Ив ле Дриан: Тројца од загинатите на Малта се вработени во Министерството за одбрана

Од:

Францускиот министер за одбрана, Жан Ив ле Дриан изјваи дека тројца од петмината загинати во паднатиот авион на Малта, се функционери вработени во Министерството за одбрана во Париз.

Другите двајца се исто така, француски државјани,  но за нив не се открива каде работеле и зашто биле во авионот.

Медиумите тврдат дека авионот бил во „разузнавачка“ мисија за надгледување и контрола на Медитеранот и дека за тоа бил опремен.

Авионот полетал утринава во 07,20 часот, но набргу почнал да ја губи висината, се свртел на својот „нос“ по што удрил во тлото и се запалил.

Сведоци на меѓународниот аеродром во Малта, изјавиле дека не се слушнала експлозија при падот.

Засега не е познато што е причина за падот на леталото, а истрагата ја презеле експерти на фрнацуското Министерство за одбрана.

Изјавата на министерот Ле Дриан ги разреши сите досегашни нагаѓања за тоа чиј е авионот и кои се патниците во него.

Првично беше соопштено дека авионот бил на ЕУ и дека загинале функционери на Унијата. Подоцна беше јавено оти станува збор за авион на ФРОНТЕКС и дека патниците полетале за Либија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски