Германската полиција ги зајакна денеска безбедносните мерки на аеродромот во Франкфурт, кој е најголем во Германија, по денешните експлозии во Брисел.
Според полицијата, на аеродромот се распоредени околу 2.500 полицајци.
Зголемени мерки за безбедност се воведени денеска и на аеродромот „Роаси“ во близина на Париз.