Земјотрес во Тихиот океан во близина на островите Кермадек

Од:

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Тихиот океан кај доминантно ненаселените новозеландски острови Кермадек, соопшти американскиот геолошки институт.

Земјотресот е регистриран на 161 километар јужно од островот Раул, на длабочина од 34 километри, пренесуваат француските медиуми.

Остовите Кермадек се наоѓаат североисточно од новозеландскиот Северен остров , во чија близина во саботата беше регистриран земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер.

Оваа слабо населена земја се наоѓа на таканаречениот „огнен прстен“, на границата меѓу австралиските и пацифичките тектонски плочи, а во неа секоја година се регистрираат и до 15.000 потреси.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба