Земјотрес со интензитет од пет степени ја потресе денеска Шпанија, соопшти американскиот Геофизички институт.
Потресот бил со епицентар во близина на градот Оса де Монтиел, на 170 километри јужно од Мадрид и на длабочина од 15 километри.
Зградите во Мадрид се разлулале, велат очевидци.
Засега нема информации за жртви и материјални штети. Според шпанските сеизмолози, потресот бил со интензитет од 5,2 степени.