Најмалку 26 лица загинаа, 79 се повредени во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала кој ја потресе денеска кинеската провинција Гуејчжо.
Провинцијата се наоѓа во југозападниот дел од земјата и граничи со провинциите Сачуан, Јунан и Хунан.
Земјотресот предизвика и прекин на електричното снабдување.
Кинеската агенција Синхуа соопшти дека луѓето во паника истрчале на улиците, како и дека локалната администрација во зоната на епицентарот испратила тим од 30 лица.
Епицентарот се наоѓал во близина на градот Лупаншуи, во кој живеат околу три милиони луѓе, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Според Кинескиот сеизмолошки институт денешниот земјотрес бил со интензитет од 6,5 степени.
Во 1974 година земјотрес со интензитет од 6,8 степени им ги одзеде животите на над 1.500 лица во истиот регион, а во 2012 година 80 луѓе загинаа во два силни потреса повторно во оваа област.