Земјотрес во Индонезија

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во реонот на индонезиските Молучки Острови.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се случи на 23 километри под морското дно, со епицентар на 120 километри во правец запад-северозапад од островот Тернате.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами.

Претходно денеска, земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер беше регистриран на 220 километри југозападно од островите Фиџи во јужниот дел на Тихиот Океан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада