Земјотрес со јачина од 6,1 степен споерд Рихтеровата скала го погоди Чиле, соопштија од Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 144 километри југоисточно од Калама и бил на длабочина од 188 километри.
Според првичните мерења земјотресот бил со јачина од 6,2 степени, а се случил во 5.15 часот по локално време.
Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета.