Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, а засега нема извештаи за штета, соопшти денеска Геолошкиот институт на САД.
Како што е соопштено, земјотресот се случил на длабочина од 110 километри, а неговиот епицентар бил на 41 километар југоисточно од градот Молина, пренесе АП.
Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучително и во главниот град Сантијаго.
Чилеанскиот национален систем за спречување и одговор при катастрофи соопшти дека нема извештаи за штети или вонредни ситуации, а Чилеанската океанографска служба соопшти дека земјотресот „не ги исполнувал условите неопходни за создавање цунами“ во близина на брегот на јужноамериканската земја.
Чиле се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен, регион кој има некои од највисоките сеизмички и вулкански активности во светот.