Земјотрес со интензитет од 5,7 степени денеска го потресе Тајван. Сеизмолозите утврдија дека епицентарот бил на 23,8 километри југоисточно од брегот на островот и на 20,4 километри под морското дно, пренесува ТАСС.
Потресот најмногу бил почувствуван на територијата на селото Дунхе во округот Тајдун.
Засега нема податоци за настрадани или евентуална материјална штета.