Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Фукушима, нема опасност од цунами

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, денејска ја погоди морската област во близина на брегот на јапонската префектура Фукушима, соопшти денеска Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил на длабочина од околу 28 километри под дното на Тихиот Океан, но нема опасност од појава на цунами, а се уште не е пријавена ниту материјална штета, информира Јапонската метеоролошка агенција.

Од нуклеарната централа во Фукушима, што беше оштетена во земјотресот од 2011 година и цунамито што следеше, по овој потрес не покажува знаци на засилена радијација.

Јапонија лежи на крстосница од четири тектонски плочи заради што се соочува со чести земјотреси, па затоа се воведени строги закони за градба и нивна примена, па затоа потресите често пати нанесуваат многу мала штета врз објектите.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови