Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

Од:

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Куба околу 7 часот по наше време.

Според првичните информации, земјотресот бил на длабочина од 13 километри.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 57 километри од градот Бајамо.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Да потсетиме, на почетокот на ноември Куба ја погоди земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Во овој земјотрес беа оштетени многу згради, немаше струја, а граѓаните не спиеја во своите куќи навечер. Тој земјотрес следеше веднаш по исто толку силниот земјотрес во Куба, кој беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Куба се наоѓа во област со неколку активни раседни системи и годишно се регистрираат околу 2.000 сеизмички настани.

Иако повеќето регистрирани земјотреси остануваат незабележани, островот е погоден од серија разорни земјотреси во текот на изминатите четири века, вклучувајќи неколку големи земјотреси со јачина од 7 или поголеми.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Деца загинаа во манастир за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Горан Наумовски

Американскиот геолошки институт предвидува дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку десет загинат и 50 повредени во Бангкок и Мандалај

Горан Наумовски

Уништени се голем дел од патиштата во Мјанмар

(ВИДЕО) Започна спасувачката акција во Мјанмар: Луѓе се извлекуваат од урнатините

(ВИДЕО) Центарот на Мандалеј уништен од земјотрес

Горан Наумовски