Земјотрес со интензитет од шест степени ги погоди Азорските Острови

Од:

Земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтер го погоди регионот во близина на Азорските Острови во Атлантскиот Океан, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри, на околу 60 километри источно од португалскиот пристанишен град Понта Делгада.

Според дежурниот офицер во противпожарната служба во Понта Делгада, земјотресот не бил доволно силен да предизвика сериозна штета на островот.

Податоци евентуални жртви и предизвикана материјална штета засега нема.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба