Земјотрес со интензитет од 8,5 степени по Рихтеровата скала беше регистриран во Тихиот Океан близу островите Огасавара, јужно од Токио.
Епицентарот на земјотресот бил на 500 км, под морското дно.
Објавено беше предупредување за цунами кое подоцна беше повлечено. Земјотресот е почувствуван и во Токио.